Богатството на Баба планина
произведено од нашите кошници
Две лажици мед и една лажица цимет се варат во вода.Ако оваа мешавина се зема секој ден на празен желудник и навечер пред легнување ја намалува тежината и не дозволува мастите да се акумулираат во телото.
Лук и мед како лек
Лукот е познат како многу моќен лек.Тој е значаен и како лек и како храна.Медот и лукот во комбинација помагаат при стареењето.
Мед и лук против стареење
10 чешниња лук ситно се мелат
1 кг мед
10 лимони , сок од лимонот
Ова смеса се остава да одстои 10 дена и потоа пред јадење се зема два пати на ден пред јадење по една супена лажица од смесата.
Медот има корисен ефект за грлото при кашлица. Медот ја олеснува иритацијата предизвикана од кашлањето. Исто така медот доведува зголемено производство на плунка, кој делува при сува кашлица.