Богатството на Баба планина
произведено од нашите кошници
Маска за чистење на кожата
1 белка од јајце
1 лимон
1 лажица мелен полен
1 лажица брашно
1 лажица мед
Сите сосотојки се мешат и се нанесува смесата на лицето.Маската се остава на лицето барем 15 минути.Со оваа маска се острануваат мртвите клетки од површината на кожата.Медот и белката ја чистат и ја потхрануваат кожата.Откако ќе се измие лицето со млака вода, кожата ќе биде свежа а циркулацијата подобра.
Значи медот не се користи само како лек , туку се користи и во козметичката индустрија за разубавување.Медот содржи аминокиселини кои му помагаат на кожата да ја задржува влажноста.Освен за медицински цели медот е погоден и за оние кои страдаат од мамурлук.Фруктозата што ја содржи медот е важна за разградување на алкохолот во безопасни производи.
Мед и цимет како лек
Мешавината од мед и цимет лечи многу болести. Научниците медот денес го прифааќаат како многу ефикасен лек за сите врсти на болест.Ако медот се земе во правилна доза нема да му наштети ниту на дијабетичарите.
За инфекција на мочниот меур се земаат две лажици цимет и една лажица мед во чаша млака вода . Со овој рецепт се уништуваат бактерите во мошниот меур.
Нивото на холестерол во крвта се намалува ако се земе две лажици мед и три лажици цимет во 400 мл чај.
За настинка се зема три дена по ред една лажица мед и една лажица цимет.
Секојдневната употреба на мед и цимет го зајакнува имунолошкиот систем и го штити телото од бактерии.Постојаната употреба на мед ги зајакнува белите крвни зрнца.
Zemi med najdi lek
Take honey,Find cure