Богатството на Баба планина
произведено од нашите кошници
Јуни
Во месец Јуни треба да се посвети големо внимание на просторот во сандакот за да не дојде до блокирање на матицата. Исто така во овој месец пчелните друштва го достигнуваат својот максимум а со тоа се прошируваат пчелните друштва, се формираат нуклеуси и се започнува со производство на матици. Вароата е доста застапена. Пчелните друштва интензивно собират нектар и полен од расцветаните ливади и ги полнат медиштата. Доколку дневниот внес на нектар е повеќе од 2 кг тогаш на секој 14 дена се додава нов спрат. Овој месец е погоден за изградба на сатни основи.
Во некои години во месец јуни поради обилни паши се врши и цедење на медот.