Богатството на Баба планина
произведено од нашите кошници
Прополис
Прополисот е смолесто-леплива материја кој што пчелите го произведуваат со собирање
смолести материи од пупките на некои растенија како што се бреза,ела,топола и др.
и со додавање на восок и секрети од нивните жлезди. Смолата е главна суровина од
која пчелите произведуваат прополис кој со своите бактериски и бактериостатички особини
претставува санитарно средство кое им служи за дезинфекција на внатрешноста на кошницата.
Има жолто - зелена до темно црвена боја. Ако се чува подолго време постанува потемен,
а под дејство на сонцето ја губи пластичноста. На температура над 30 степени е мека
леплива маса, а под 15 степени крута и цврста. Прополисот има специфичен смолест
мирис и горчлив вкус, а по структура е густ и нехомоген. Не е растворлив во вода.
Растворлив е во 96% алкохол и овој раствор се користи како основа за примена на прополисот.
Тој е природен производ и се користи како лек. Се користи во лечење на кожни повреди,рани
и инфекции, лечење на болести на грлото, очите, ушите, женските и машките репродуктивни
органи, цревата, кожата, бронхијална астма, чир на желудник и дванаесетпалачно црево
и др. Во последно време се употребува при лечење на канцерогени болести како рак
на желудник, грло, кожа, простата, гради и др.При канцерогените заболувања, покрај
препаратите на база на пчелни производи, треба да се голтаат и парчиња од суров прополис,
но тој треба да биде исклучително чист.
Се добива со гребење на дното на кошниците или со специјални решетки.
Производ :
- Шишенце раствор на прополис.
- Сиров Прополис
Propolis