Пчеларник “БН”
Пчеларник БН

Креирај своја значка.
Почетна
Производи
Контакт
За Нас
За Почетници
Месечни Обврски
Пчелно Семејство
Земи мед најди лек
Игри Пчели
Народни Верувања
Новости
Линкови

  Богатството на Баба планина

произведено од нашите кошници

Пчеларник БН  с.Дихово Битола  - © Сите права задржани.  
Јадете мед како храна за да не јадете како лек
Кога пчелата би изчезнала од овој свет тогаш  човекот би имал уште 4 години живот - рекол  Алберт Ајнштајн
Форум
Употреба на мед
Пелистерски Мед
Рецепти
Игри
Радио Фокус

 - Во светот годишно се произведува околу 1,2 милиони тони мед. Најповеќе се произведува во Азија, а најголем потрошувач на мед се Грците. Првите податоци за користење на медот датираат уште од 5 500 години прен н.е.Пред 4 000 години медот му го давале на новороденчињата како храна и за зајакнување на нежниот организам. Некои медот го користеле и како средство во козметиката. Старите Грци во нивните песни медот го имаат опеано како храна на боговите.


 - Медот бил омилен лек на Хипократ, додека пак Питагора својата старост ја темели благодарение на медот. Медот може да се користи дирекно од пчелниот сандакот и е еден од ретките намирници кој што не може да се произведе на вештачки начин. Медот е потполно природен производ. Со бројни лабараториски истражувања утврдено е дека медот содржи природно хранливи и лековити материи кои што имаат огромно биолошки вредности. Хранливата вредност на медот е најголема во однос на другите намирници кои се користат во исхраната(кравско млеко, говедско месо и др.). Познати светски тренери за поголема издржливост и посигнувања подобри резултати на спортистите му даваат мед (од 60 до 80 гр) 15 мин пред почетокот на настапот. Освен за спортистите медот е добра храна и за учениците, студентите па дури и за старите лица. Медот уште се вели дека е и храна за мозокот. Медот ја зголемува енергетската вредност и затоа некогаш за замена на шеќер се користи медот.


Во медицината постојат многу рецепти со повеќе или помалку мед.Уште во античките времиња во козметиката како додаток на убавината се користел медот.Се вели дека и убавината жените  ја имале благодарение на медот.Козметиката со мед е погодна за секој тип на кожа.Медот ја чисти и ја штити кожата од бактерии.Медот е за здрав и свеж изглед.



Zemi med najdi lek - Med kako lek 3