Пчеларник “БН”
Пчеларник БН

Креирај своја значка.
Почетна
Производи
Контакт
За Нас
За Почетници
Месечни Обврски
Пчелно Семејство
Земи мед најди лек
Игри Пчели
Народни Верувања
Новости
Линкови

  Богатството на Баба планина

произведено од нашите кошници

Пчеларник БН  с.Дихово Битола  - © Сите права задржани.  
Јадете мед како храна за да не јадете како лек
Кога пчелата би изчезнала од овој свет тогаш  човекот би имал уште 4 години живот - рекол  Алберт Ајнштајн
Форум
Употреба на мед
Пелистерски Мед
Рецепти
Игри
Радио Фокус

Затоа се препорачува да се стават 10 рамки за пчелата без никаква интервенција да преоѓа во медиштето. Кој било од овие два типа на сандаци да се набави нема да се погреши.


Каде и како да се постават пчелните сандаци – е прашање кое има големо значање за развојот на пчелните семејства. Пчеларникот треба да е лоциран во еколошки чист, незагадена средина и одалечен од секаков вид на индустрија и интезивни земјоделски пракси. Да се постави далеку од ѓубришта, од пат, и пруга. Да биде поставен покрај шума, да бидат заштитени пчелите од бука и вознемирување од луѓе и животни. Пчеларникот да не е лоциран во близина на густо населени и фрекфентни со луѓе места. Ако сандаците се постават во редови , тогаш еден од друг треба да се одалечени 0,5 метри, а растојанието измеѓу редовите треба да е од 3 до 4 метри.Сандаците треба да се на висина од земјата од 15 до 30 см. И затоа секој сандак се поставува или на бетонски блокови, дрвени постоља итн.


Прибор за пчеларење


Дималка – е основен прибор на секој пчелар.Без дималка не треба да се влегува во пчеларникот. Дималката добро се распалува со иглички од бор, табли за јајца и др.

Пчеларско одело( мантил) – заштитното пчеларско одело треба да е во светла боја, најдобро се препорачува да е во бела боја. Треба да е чисто и од памучен материјал.  Со оделото пчеларот е заштитен од убодите на пчелите.

Пчеларска капа – пчеларската капа служи за заштита на лицето од пчелите додека пчеларот работи со нив.

Пчеларски нараквици – служат за да се заштитат рацете на пчеларот од пчелата додека пчеларот работи во пчеларникот.

Пчеларски нож – е алат со кој се одвојува поклопната даска, се чисти прополисот, за подигнување на рамките итн.

Пчеларска четка – служи за повнимателно се остранат пчелите околу сандакот.

Прскалка за вода – обично пчеларите ја заменуваат со дималка.

Чешел за во лето – се користи од месец октомври до месец март се со цел да се спречи влегување на глувци во пчелниот сандак.

Центрифуга – служи за вадење на медот. Таа може да биде рачна или на електричен напон.

Сито – е прибор кој служи при вадење на медот.