Пчеларник “БН”
Пчеларник БН

Креирај своја значка.
Почетна
Производи
Контакт
За Нас
За Почетници
Месечни Обврски
Пчелно Семејство
Земи мед најди лек
Игри Пчели
Народни Верувања
Новости
Линкови

  Богатството на Баба планина

произведено од нашите кошници

Пчеларник БН  с.Дихово Битола  - © Сите права задржани.  
Јадете мед како храна за да не јадете како лек
Кога пчелата би изчезнала од овој свет тогаш  човекот би имал уште 4 години живот - рекол  Алберт Ајнштајн
Форум
Употреба на мед
Пелистерски Мед
Рецепти
Игри
Радио Фокус

Добивање на Прополис

Прополисот  се добива како индиректен производ на пчелите. Тие го собираат за да ги затворат сите процепи во своето живеалиште, начинот на кој што ние го добиваме овој производ е следниов: над рамките поставуваме посебна рамка на која е поставена специјална мрежа која е многу мека и  не испушта штетни материи во прополисот. Со поставувањето на оваа мрежа се добива голем провев во сандакот  кој што многу им смета на пчелите. За да го спречат  тоа пчелите веднаш започнуваат да собираат прополис и да ги затвараат отворите на мрежата. Одкако ќе затворат повеќе од 90 % од мрежата истата таа се вади од сандакот и од својата рамка и се става во пластична вреќа и веднаш се става во замрзнувач. После неколку часа вреќата со мрежата се вади од замрзнувачот и на рамна подлога мрежата се деформира и при тоа замрзнатиот прополис паѓа на парчиња. Вака добиениот прополис е со голема чистота се собира во пластични кеси и се става во замрзнувач. Идеален месец за собирање на прополис е месец Август.