Богатството на Баба планина
произведено од нашите кошници
Декември
Декември е месец кога температурите се прилично ниски и пчелите се наоѓат во клубе. Притоа му е потребен потполен мир,бидејќи секое вознемирување можи да доведи до растурање на клубето кое можи да биди фатално за пчелното друштво. Во овај период обично во пчелните друштва нема легло и е идеално време за третирање со Оксална киселина. Потрошувачката на храна во овај период е релативно мала и се движи околу 1кг. Доколку температурата на воздухот се искачи околу 10 степени може да се направи брз информативен преглед и доколку се забележи дека некое дрштво има мали резерви на храна да се интервенира со додавање на погачи. Исто така можиме да направиме контрола со поткревање на сандакот од задната страна и спрема тежината да ја утврдиме количината на храна меѓутоа ова е пракса за поискусните пчелари.
Во овај месец обврските на пчеларникот се многу мали притоа можете да се припремате за наредната сезона и да прочитате некоја литература за да го надградите вашето знаење.