Пчеларник “БН”
Пчеларник БН

Креирај своја значка.
Почетна
Производи
Контакт
За Нас
За Почетници
Месечни Обврски
Пчелно Семејство
Земи мед најди лек
Игри Пчели
Народни Верувања
Новости
Линкови

  Богатството на Баба планина

произведено од нашите кошници

Пчеларник БН  с.Дихово Битола  - © Сите права задржани.  
Јадете мед како храна за да не јадете како лек
Кога пчелата би изчезнала од овој свет тогаш  човекот би имал уште 4 години живот - рекол  Алберт Ајнштајн
Форум
Употреба на мед
Пелистерски Мед
Рецепти
Игри
Радио Фокус

 Август

Веќе во месец август пчелните друштва и сами се спремаат за презимување и затоа некои непотребни вознемирувања не се препорачливи. Секое пчелно друштво за зазимување треба да има добра матица,да е добро обезбедено со храна и во пчелното друштво да се изврши третирање против вароата. При припремата пчелното друштво треба да биде според следниот редослед: во средина ги ставаме рамките со младо саке - делумно исполнето со мед, потоа од страните по една рамка со полен и мед и на крај рамките со мед. Доколку нема доволно мед потребно е да се врши прихранување со сируп и тоа во вечерните часови за да не дојде до грабеж.  Доколку  во пчеларникот нема поилка неопходно е да се стави истата. Медиштата исто така треба да се складираат и да се заштитат од восоков молец и други  штетници како глушецот итн.  Важно е да се напомене дека месец август е почеток на пчеларската сезона а тоа значи како ќе се припремат во август така ќе ги пречекаме на пролет. Во почетокот на август сеуште можеме да собираме прополис но после овој период треба да ги оставиме пчелите да соберат за свои потреби.