Богатството на Баба планина
произведено од нашите кошници
Мај
Во месец мај почнува да цвета багремот,смреката, и други медоносни билки. Пчеларот во овој месец треба да создаде јаки друштва кои што ке бидат спремни целосно да ја искористат главната паша. Во овој месец треба навремено да интервенираме со додавање на сатни основи бидејќи има многу млади пчели кои излачуваат восок и притоа ќе ги изградат основите за многу кратко време. Може да дојде и до роење на пчелното друштво бидејќи има многу пчели. Тоа најдобро ќе го спречиме со додавање на едно или две медишта. Треба да се обезбеди и правилна вентилација на пчелното друштво со отворање на целото долно лето и целото горно лето,а доколку имаме сандаци со антивароа подови треба целосно да ги отвориме.