Пчеларник “БН”
Пчеларник БН

Креирај своја значка.
Почетна
Производи
Контакт
За Нас
За Почетници
Месечни Обврски
Пчелно Семејство
Земи мед најди лек
Игри Пчели
Народни Верувања
Новости
Линкови

  Богатството на Баба планина

произведено од нашите кошници

Пчеларник БН  с.Дихово Битола  - © Сите права задржани.  
Јадете мед како храна за да не јадете како лек
Кога пчелата би изчезнала од овој свет тогаш  човекот би имал уште 4 години живот - рекол  Алберт Ајнштајн
Форум
Употреба на мед
Пелистерски Мед
Рецепти
Игри
Радио Фокус

  Март

Месец март е месец во кој секој пчелар треба да изврши значајни активности. Во март  имаме повисоки температури за разлика од минатиот месец. Значи времето е топло а леската и дренот се првите растенија кои што нудат голема количина на полен. Треба да се започне со стимулативна прихрана се со цел матицата да започне со несење на што поголем број на јајца. Во овој месец се прави и првиот детален преглед во пчелните друштва.

При првиот преглед треба да се види:

-дали има матица;

-колку пчели има;

-каква е состојбата во заедницата;

-колку  легло има;

-дали има доволно храна;

-дали се здрави пчелите.

Добро е пчелите повремено да се прихрануваат со мали количини на шеќерен сируп се додека самите не се навикнат на земање на храна. Ако има друштва без матица треба тоа друштво да се спои со друго друштво.

Кон втората половина на овој месец има повосоки температури па обично се додавават сатни основи поради проширување на леглото.