Пчеларник “БН”
Пчеларник БН

Креирај своја значка.
Почетна
Производи
Контакт
За Нас
За Почетници
Месечни Обврски
Пчелно Семејство
Земи мед најди лек
Игри Пчели
Народни Верувања
Новости
Линкови

  Богатството на Баба планина

произведено од нашите кошници

Пчеларник БН  с.Дихово Битола  - © Сите права задржани.  
Јадете мед како храна за да не јадете како лек
Кога пчелата би изчезнала од овој свет тогаш  човекот би имал уште 4 години живот - рекол  Алберт Ајнштајн
Форум
Употреба на мед
Пелистерски Мед
Рецепти
Игри
Радио Фокус

  Јануари

Пчелните друштва во месец јануари мируваат затоа што обично ова е месец  кога се очекуваат ниски просечни температури. Во овoј месец може да има и зимско прихранување на пчелните друштва каде што нема доволно храна. Зимското прихранување се состои во ставање на  погачи. Овие погачи се стваат кога ке има покачување на температурата односно во топлол сончев зимски ден.

Во овој месец можно е матицата да почне со несење на јаца и со тоа почнува проширување на леглото при што се троши многу  храна и полен.

Кон втората половина на овoј месец се очекува и малку покачување на температурите каде што може да процвета и леската. На топол ден пчелите ќе излезат од сандакот на прочистен лет и тогаш се прочистуваат од несварливите материи кои ги имаат во своето дебело црево. Ова прочистување не можеле да го изведат во месец декември поради ниските температури. Сепак ова е месец каде пчеларите ги сумираат резултатите од минатата година и прават планови за наредните активности.